Прес конференција за презентација на Упатство за подобрување на транспарентноста на институциите од јавниот сектор | ЦУП
Сподели

Прес конференција за презентација на Упатство за подобрување на транспарентноста на институциите од јавниот сектор

Дата: 20.02.2023

Na 20 fevruari 2023 година, во просториите на Клубот на пратеници, беше одржана прес-конференција за презентирање на Упатството за подобрување на транспарентноста на институциите на јавниот сектор заедно со Заменичката на Претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска. 

Ова упатство, покрај анализа на законот и процедурата, содржи и анализа на најчесто бараните информации од јавен карактер од институциите во 38 различни области.

Ова упатство дава насоки и совети за институциите со цел од една страна да се намали нивниот административен товар и до друга страна да се обезбеди побрз и полесен пристап до информациите од јавен карактер.

Овој документ има отворен карактер и треба постојано да биде во чекор со актуелните теми и интереси на граѓаните, така што институциите ќе го следат тоа и ќе го ажурираат навремено.

Според извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска, ова Упатство претставува исчекор во процесот на градење на култура на транспарентност, што отвора простор за поголема контрола и одговорност на јавната администрација.

Упатството можете да го прочитате на нашата веб страница во делот „публикации“, односно на следниот линк https://cup.org.mk/publication/guidelines-for-improving-the-transparency-of-public-sector-institutions 

Ова упатство е изработено во соработка со Заменичката на Претседателот на Влада задолжена за политики за добро управување и Агенција за заштита на право на слободен пристап до инфо. од јавен карактер , во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформи во јавната администрација“ поддржан од National Endowment for Democracy

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk