Прес-конференција за претставување на системот за управување со јавните набавки | ЦУП
Сподели

Прес-конференција за претставување на системот за управување со јавните набавки

Дата: 29.03.2022

Целта на проектот „Поддршка на реформите за управување во Министерство за одбрана“ спроведуван од Центар за управување со промени - ЦУП (www.cup.org.mk), а финансиски поддржан од Владата на Обединетото Кралство, е да придонесе за подобро управување во Министерството за одбрана преку воспоставување на систем за планирање, следење и рано предупредување во врска со процесите за спроведување на јавните набавки во министерството.

Системот кој се презентира на овој настан е дизајниран и подготвен во инклузивен процес, односно со активно учество на корисниците од МО и ГШ, а врз основа на темална анализа на процесито во МО во врска со јавните набавки.

Системот овозможува автоматизирање на процесите во повеќето од чекорите за подготовка, спроведување на набавките, како и следење нареализацијата на договорите. Оваа модернизација се однесува на процесите кои се одвиваат во рамки на МО и Генералштабот на Армијата (ГШ), додека сите постапки за спроведување на јавните набавки во однос на нивно објавување, комуникација до добавувачи и електронски аукции се координира од Бирото за јавни набавки и не е дел од новоизработениот систем на МО.

Со новиот електронски систем се воведуваат модули за управување со:

  • планирањето на набавките на МО и ГШ
  • подготовката на сите интерни документи за набавки (тендерска документација)
  • иницирање и спроведување на набавките
  • следење на реализацијата на договорите
  • издавање нарачки во рамки на склучените договори
  • контрола на квалитет.

Заради вклучување во системот, МО стандардизираше бројни обрасци за документите кои системот сега автоматски ги произведува, а за чие полнење ќе треба минимална работа од страна на вработените. Во системот ќе се чуваат сите документи за спроведени јавни набавки на МО и ГШ, но и сите посебни набавени ставки, со што ќе се обезбеди институционална меморија која ќе ја олесни идната работа. Бидејќи МО и ГШ најчесто на годишно ниво ги повторуваат набавките, на овој начин сите податоци за ставките кои се повторуваат ќе бидат веќе постоечки во системот, подготвени за користење и во иднина.

 

Системот вклучува и рано предупредување за рокови кои се однесуваат на сите процеси за јавните набавки, на пр. за започнување или краен рок за спроведување на постапките, за кои корисниците ќе бидат автоматски известени. Од друга страна, раководството во институцијата ќе има повеќе контрола врз постапките за јавни набавки преку транспарентен преглед на статусот на сите набавки и дали се почитуваат зададените рокови. Доколку има проблем или застој кај некои набавки, раководството еднакво ќе има увид и ќе биде навремено предупредено. Ваквиот преглед на сите набавки во секоја нивна фаза дава и прегледност на одговорностите меѓу вработените во МО и ГШ, со што повторно се дава можност на раководството поефикасно да раководи со процесите.

Иако системот за управување со јавните набавки е интерен систем и нема да биде отворен за јавност, тој ќе дава податоци кои министерството ќе може проактивно да ги објавува за информирање на граѓаните.

Во следниот период, Секторот за логистика во МО и Секцијата Ј-4 во ГШ, кои се главни корисници на системот, истиот ќе го тестираат со поддршка на експертите од проектот, ќе го полнат со податоци, а паралелно ќе се обучуваат поширок круг на корисници во МО и ГШ како практично да го употребуваат системот.

Повеќе за проектот на: https://cup.org.mk/proekti/support-for-improved-governance-in-the-ministry-of-defence-of-north-macedonia

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk