Јавна дебата во општина Штип | ЦУП
Сподели

Јавна дебата во општина Штип

Дата: 02.11.2018

На 02.11.2018 во Штип, беше реализирана јавна дебата на која учествуваа претставници од општините и граѓанскиот сектор од Источниот регион на Македонија.

Тема на дебата беа резултатите од следењето на квалитетот на услугите на локалните самоуправи, a особено беше дискутирано за :

  • Kако и со кој квалитет се обезбедуваат услугите во општините на Источниот регион, но и на ниво на сите осум региони
  • Индекс на веб транспарентност на општините
  • Постапување на лицата за слободен пристап до информации од јавен карактер – од перспектива на барател и од перспектива на лицата кои што се задолжени за давање на одговори

Јавната дебата се организираше во рамките на проектот „Следење на принципите на јавната администрација во зачувување на вредности на добро управување“ финансиран од Европската Унија, а кој го спроведуваат Центарот за управување со промени, во партнерство со Асоцијацијата за менаџмент консалтинг 2000 и Центарот за истражувачко новинарство СКУП.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk