Јавна дебата на тема „Како до подостапни и поквалитетни услуги ориентирани кон граѓаните“ | ЦУП
Сподели

Јавна дебата на тема „Како до подостапни и поквалитетни услуги ориентирани кон граѓаните“

Дата: 20.03.2019

Одржана Јавна дебата на тема „Како до подостапни и поквалитетни услуги ориентирани кон граѓаните“, во организација на Центарот за управување со промени, Министерство за информатичко општество и администрација и Асоцијација Зенит / Association Zenith .
Настанот го отворија министерот за информатичко општество и администрација, г-дин Damjan Manchevski, г-дин Ричард Малион од Британската амбасада Скопје, г-ѓа Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување ...со промени и г-дин Александар Николов од Асоцијација Зенит.
Целта на оваа јавна дебата беа предизвиците и решенијата во испораката на јавни услуги. Фокусот на предлог решенијата кои се дискутираа на дебатата беше ставен на оптимизација и дигитализацијата на услугите, а во насока на прибирање мислења од сите засегнати страни на овие теми и дефинирање на решенија кои ќе бидат насочени кон потребите на граѓаните.
На настанот, беа споделени наоди од анкетата за задоволството на граѓаните од јавните услуги и нацрт-препораки за подобрување на јавните услуги и беше презентиран процесот на внесување и верификување јавни услуги во Каталогот на јавни услуги, од страна на експерти и претставници од Министерството за информатичко општество и администрација.
Оваа јавна дебата беше во рамки на проектот „ Граѓански ориентиран пристап при испорака на јавни услуги “ . Проектот е поддржан од Европската Унија и Владата на Обединетото Кралство, а спроведуван од страна на Центарот за управување со промени - ЦУП. 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk