На 31.07.2024 година во Холидеј Ин скопје, Центарот за управување со помени (ЦУП) во соработка со Министерството за јавна администрација организираа јавна дискусија за клучните предизвици со кои се соочуваат институциите од јавниот сектор во Република Северна Македонија.
Целта на дискусијата беше, од една страна, да се престават визија и идните заложби на Владата во областа на доброто управување и реформите во јавната администрација, но, од друга страна, да се отвори широка дебата со стручната јавност, претставниците од институциите и останатите засегнати страни за подобрување на регулативата во областа на управувањето со човечки ресурси во институциите од јавниот сектор.
Во рамки на првиот панел Министерот за јавна администрација, Министерот за дигитална трансформација, Заменикот министер за економија и труд и Заменикот министер за финансии ги изложија визиите и заложбите на Владата за реформата на јавната администрација и доброто управување.
Во рамки на вториот панел експертите од стручната јавност (д-р Неда Малеска, проф. д-р Борче Давитковски, асс. м-р Константин Битраков, г. Трпе Деaновски и проф. д-р Јове Кекеновски) зборуваа за решенијата на актуените предизвици во реформата на јавната администрација.
Во рамки на последниот панел учесниците поделени во 6 тематски групи ги дискутираа: Законот за вработените во јавниот сектор, Законот за на административните службеници и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024