Новости
Регионална обука за обучувачи за интегрирање на родовите аспекти во политиките и буџетите
Дата: 24.11.2025
ЦУП во соработка со GIZ North Macedonia и Министерството за социјална политика, демокрафија и млади (МСПДМ) спроведоа обука за обучувачи за интегрирање на родовите аспекти во политиките и буџетите, за претставници на администрациите на земјите во регионот (Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово и Албанија).
Обуката е составена од два циклуса, кои се одржаа на 25-28 Август и 18-21 Ноември во просториите на Ресорниот центар за родово одговорно креирање на политики и буџети.
Во рамки на првиот циклус од обуката учесниците учеа за основните концепти на процесот на креирање политики и буџети и како во овој процес се вклучува родовата перспектива, со цел создавање на инклузивни јавни политики кои ќе одговорат на потребите на жените и девојчињата во општеството. Исто така, во овој дел од обуката беа вештините кои треба да ги поседува еден ефикасен обучувач.
Во рамки на вториот циклус од обуката учесниците стекнаа знаења и вештини кои ќе им помогнат да бидат ефикасни обучувачи. учесниците имаа можност да ги осознаат основните принципи на учењето кај возрасните, методите и техниките на партиципативна обука, да научат како се развива и програма за обука и тренинг сесија, како и да учествуваат во испорака на микро сесија со поддршка на обучувачите. Обуката ја спроведоа експертите по јавни политики од ЦУП, Неда Малеска Сачмароска, Искра Белчева Ристовска и Бранка Минчева Коцевска.













