Од 08 до 09 ноември 2022 година во Белград, беше организирана конференцијата „граѓаните на прво место“ на проектот WeBER 2.0 спроведен од регионалната мрежа на граѓански организации TEN - Think for Europe.
Целта на Конференцијата беше да се споделат искуствата и предизвиците на земјите од западен балкан во делот на реформите во јавната администрација.
На оваа конференција ЦУП го претставуваше програмската координаторка Искра Белчева Ристовска, кој имаше свое излагање во областа на испорака на услуги од страна на јавната администрација. Во своето излагање ги истана не само предизвиците туку и позитивните примери на дигитализација на бројни јавни услуги во чиј процес Центарот за управување со промени (ЦУП) има дадени голем придонес.
На конференцијата беа опфатени следните областите на: (1) Локалните самоуправи и учеството на граѓанскиот сектор на локално ниво; (2) Презентација на дата порталот на SIGMA; (3) Споредбена анализа на прогресот помеѓу земјите од западен балкан; (4) Консултации со граѓанте и партиципативна демократија
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024