Истражи факти- платформа за поддршка на истражувачкото новинарство | ЦУП
Сподели

Истражи факти- платформа за поддршка на истражувачкото новинарство

Дата: 05.09.2017

Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права ја претставија денеска Платформата за соработка меѓу граѓанските организации и медиумите за истражувачко новинарство, која е интегрален дел и еден од најзначајните резултати на проектот “Истражувачкото новинарство – чувар на демократијата и човековите права”.

Овој проект е финансиран од ЕУ и Британската амбасада во Скопје а на денешната презентација во Хотелот Арка во Скопје, беа претставени постигнатите резултати, со особен акцент на платформата и веб сајтот istrazifakti.org.mk, каде се објавени голем број истражувачки стории.

Вкупно 8 граѓански организации беа регрантирани преку проектот и во соработка со медиумиските организации подготвија повеќе истражувачки стории во вид на интервјуа, печатени стории и видео прилози.

“Најважниот резултат од моментот на регрантирањето е всушност креирањето на платформата за дијалог и соработка меѓу граѓанските организации и медиуми. Таа е де факто уникатна, затоа што ги содржи и граѓанските организации кои ги спроведуваа проектите и медиумите кои соработуваа со нив а главната цел на платформата е тие да продолжат да соработуваат и по завршувањето на проектот”, изјави Искра Белчева Ристовска, проектен менаџер во Центарот за управување со промени.

На денешната презентација, беа емитувани и видео материјали за дел од изработените истражувачки стории , кои се дел од содржината на веб сајтот istrazifakti.org.mk

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk