Презентација на истражување - Државната управа низ перспектива на ДЗР | ЦУП
Сподели

Презентација на истражување - Државната управа низ перспектива на ДЗР

Дата: 20.05.2025

На 20.05.2025 година Центарот за управување со проемни (ЦУП) организираше презентација на последното истражување насловено „Недоследности и етика во работењето на органите на државната управа низ перспетива на ДЗР“.

На настанот присуствуваа претставници на граѓанскиот сетор и институциите на јавниот сектор (Влада, Министерство за правда, Министерство за јавна администрација и Државен управен инспекторат). 

Резултатите од истражувањето ги презентираше правниот експерт Југослав Ѓоргиевски, а беше модериран од страна на Бранка Минчева Коцевска, проектна координаторка во ЦУП. 
Истражувањето може да го прочитате на следниот линк https://cup.org.mk/publication/ethics-and-inconsistencies-in-the-work-of-state-administration-bodies 

На настанот се разви плодна дискусија, на која беа истакнати следните поенти: 

- Доследноста во работењето на администрацијата зависи во голем дел од раководните структури (министрите, раководителите), односно како тие ќе ги мотивираат и казнуваат вработените. Со други зборови „кога нема добар менаџмент вработените не работат“.
- Нема воспоставено ефективен и ефикасен систем за следење на работењето (присуство и извршување на работни задачи), што остава простор за постоење на недоследности.
- Во институциите од јавното здравство како проблем и предизвик се јавува тоа што нема дигитален регистар на лекови и има голема злоупотреба заради тоа затоа што нема евиденција која болница и аптека што има и што им треба.
- ДЗР поактивно да настапува во јавноста за наодите и препораките од нивните извештаи, за граѓаните да бидат подетално запознаени и да ги држат институциите одговорни.
- Мора да се изнајде начин како институциите да постапуваат по наодите и заклучоците на ДЗР.