Во организација на Центарот за управување со промени и Министерството за информатичко општество и администрација денеска продожија разговорите на фокус групите од повеќе министерства за проценка на влијанието на регулативата (ПВР), која е една од компонентите на проектот “Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација”.
Во Хотелот Солун во Скопје, дебатата и дискусиите денеска повторно се водеа за
процесот на планирање и спроведување на проценката на влијанието на регулативата во министерствата; за капацитетите за спроведување на анализите во рамки на процесот на ПВР; за предизвиците во однос на процесот за ПВР и подготвување на извештајот за ПВР како и за следните чекори кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на процесот и анализите.
Во третата фокус група учествуваа претставници од министерствата за економија и животна средина и просторно планирање како и министерствата за локална самоуправа и надворешни работи.
Четвртата и последна фокус група ја сочинуваат претставниците на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, министерството за култура и министерствата за образование и наука и за транспорт и врски.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024