Министерот во владата на република Македонија, Дамјан Манчевски и амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Чарлс Гарет, потпишаа денеска меморандум за соработка со кој започнува имплементација на проектот “Поддршка на процесот на реформа на јавната администрација”, кој ќе го спроведува Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Центарот за управување со промени.
Според амбасадорот Гарет, државната администрација која е во служба на граѓаните игра важна улога за една стабилна и силна демократија, а Британија може да го сподели своето богато искуство во оваа област.
Министерот Манчевски оцени дека станува збор за значителна помош и проект кој во голема мера ќе помогне за да биде спроведена функционална анализа на администрацијата и хоризонтална координација за многу подобро стратешко планирање на сите институции.
Проектот за поддршка на реформата на јавната администрација ќе овомозожи постигнување значителен напредок во неколку области како што се: стратешко планирање и носење јавни политики, управување со човечки ресурси, подобрување на регулативата и отворени податоци. Вредноста на проектот изнесува 248.000 фунти.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024