Потпишан меморандум за соработка со општина Ѓорче Петров | ЦУП
Сподели

Потпишан меморандум за соработка со општина Ѓорче Петров

Дата: 22.12.2017

Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски и извршниот директор на Центарот за управување со промени, Неда Малеска – Сачмароска го потпишаа меморандумот за соработка во рамки на проектот “Мои пари, моја одговорност: партиципативно раководење со буџетот на општините во Република Македонија”, кој е поддржан од УСАИД, а спроведуван од мрежата на граѓански организации ФИСКАСТ и ќе трае до мај 2020 година.

Со потпишувањето на меморандумот, општина Ѓорче Петров ја потврдува својата посветеност на важноста на вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации во распологањето со буџетските средства, фискалната транспарентност, како и носењето одлуки на локално ниво преку промоција на принципите на отворено партнерство со локалната самоуправа.

Во согласност со потпишаниот меморандум, општина Ѓорче Петров и Центарот за управување со промени заедно ќе спроведат повеќе активности кои ќе придонесат за подобрување на транспарентноста и отчетноста на јавните институции и ќе го засилат интегритетот на локалната самоуправа. Активностите вклучуваат:

  • Средби и консултации меѓу партнерите и сите релевантни учесници на територијата на општина Ѓорче Петров;
  • Обука за Партиципативно буџетирање за вработените и други релевантни учесници од општина Ѓорче Петров;
  • Средби за идентификување приоритети и намена на средствата во општина Ѓорче Петров;
  • Јавна кампања за подигнување на свеста за придобивките од раководење со буџетот со вклученост на граѓаните;
  • Подготовка и реализација на Форум за партиципативно буџетирање во општина Ѓорче Петров.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk