Студиска посета на Велика Британија за поддршка на процесот на реформи на јавната администрација | ЦУП
Сподели

Студиска посета на Велика Британија за поддршка на процесот на реформи на јавната администрација

Дата: 16.04.2018

Во организација на центарот за управување со промени и како дел од проектот “Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација”, во тек е студиска посета на Велика Британија на работна група на претставници на повеќе министерства и генералниот секретаријат на владата на Република Македонија.

Во делегацијата се и извршниот директор на ЦУП, Неда Малеска –Сачмароска и проектниот менаџер Искра Белчева – Ристовска.

Повеќедневната работна посета на Лондон започна денеска со работилница во просториите на PAI (Public Administration International) , каде работната група беше поздравена од Клер Камерон, извршниот директор на оваа организација, во чие портфолио се над 165 проектти во 63 различни држави поврзани со суштинската вредност на промоција на доброто владеење и добрата пракса во испораката на јавните услуги.

Во фокусот на денешната работилница беше менаџментот на перформансите во јавниот сектор , што е и една од компонентите на проектот на ЦУП, при што беше разгледана и актуелната ситуација во оваа област во Обединетото Кралство.

Во текот на студискиот престој на Велика Британија, работната група ќе ja посети и општинaта Њухам, во источен Лондон, каде ќе биде анализирано како преку менаџмент на перформансите може да се зголеми ефикасноста на локалните власти.

Предвидена е и презентација и дискусија за стратешката рамка за можностите и подобрување на перформансот на централната влада на Обединетото Кралство , како и посета на централниот катастар на Обединетото Кралство(The Land Registry).

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk