Студиска посета во Љубљана- Словенија за спроведувањето на процесот на Проценка на влијание на регулатива | ЦУП
Сподели

Студиска посета во Љубљана- Словенија за спроведувањето на процесот на Проценка на влијание на регулатива

Дата: 25.09.2019

Во период од 22-25.09.2019 во Љубљана, Словенија се одржа студиска посета чија што цел беше размена на искуство и стекнување на знаење за спроведувањето на процесот на Проценка на влијание на регулатива, со претставници на јавната администрација и граѓанското општество од двета земји.

Средбата вклучуваше работна посета на Министерството за јавна администрација на Република Словенија, Врвниот центар во областа на финансиите (Center of Excellence in Finance), како и Центарот за информации, соработка и развој на граѓански организации (CNVOS) каде што преку презентација и интерактивна комуникација беа споделени искуства и знаење во предметната област.

На посетата учествуваат претставници на министерствата и граѓански организации членки на Мрежата за подобра легислатива - Мрежа РИА, додека претставник од Центарот за управување со промени – ЦУП, беше Весна Глигорова-финансиски менаџер.

Посетата се случува во рамки на проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази”, проект финансиран од Европската Унија, имплементиран од Институтот за демократија Социеатас цивилис - ИДСЦС и Центарот за Економска анализа – ЦЕА од Скопје

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk