Во периодот од 27-28 октомври, 2019 година, Центарот за управување со промени учествуваше со свој претставник на студиска посета на Парламентот на Естонија, во рамки на делегација на претставници на Собранието на Република Северна Македонија.
Целта на посетата беше да се стекне искуство од една од најнапредните земји во областа на дигитализацијата, со фокус на реформите во дигитализацијата на Парламентот на Естонија, вклучувајќи ги: е-Парламент системот, порталот за отворени податоци на Парламентот, веб-страницата на Парламентот, системот за управување со документи, системот за е-петиции и сл.
Студиската посета се организираше во рамки на Проектот за парламентарна поддршка, имплементиран од НДИ Македонија, во партнерство со Центарот за управување со промени и Институтот за демократија Societas Civilis, а финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024