Тестирање на методологија за стратешко планирање | ЦУП
Сподели

Тестирање на методологија за стратешко планирање

Дата: 24.02.2025

Изминатата седмица тимот на ЦУП заедно со службенции од Министретсвото за јавна администрација (МЈА) и Министерството за внатрешни работи (МВР), ја тестираа новата методологијата за стратешко планирање. 

Овој нов документ има за цел да ја зајакне ефикасноста на институциите при планирање на политиките и преку предвидување на конкретни индикатори да се зјакане нивната отчетност како во рамки на системот така и кон граѓаните. 

Учесниците на работилниците покажаа спремност да го спроведуваат стратешкото планирање според презентираната методологија и ја истакнаа потребата од зајакнување на овој процес. 

Во наредниот период ЦУП ќе продолжи да ја тестираа методологијата и сод ругите министерства. 

ЦУП работеше на методолгијата за стратешко планирање во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ кој е поддржан од страна на Владата на Обединетото Кралство преку Британската Амбасада во Скопеј.