Новости
Новост
Одржана последната менаџмент средба на Проектот за развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област.
Дата: 20.09.2020
Викендов во Охрид беше одржана последната менаџмент средба на тимот на Проектот за развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област.
На средбата се разгледуваа имплементираните активности, се дискутираше за проблемите и предизвиците и како истите беа надминати. Се анализираа постигнатите резултати и се донесоа заклучоци од различните искуства.







