Во организација на Центарот за управување со промени и Министерството за информатичко општество и администрација денеска ги започнаа дводневните разговори на членовите на фокус групите од повеќе министерства за проценка на влијанието на регулативата (ПВР), која е една од компонентите на проектот “Поддршка на процесот на реформи на јавната администрација”.
Во Хотелот Солун во Скопје, дебатата и дискусиите денеска се фокусирани на процесот на планирање и спроведување на проценката на влијанието на регулативата во министерствата; за капацитетите за спроведување на анализите во рамки на процесот на ПВР; за предизвиците во однос на процесот за ПВР и подготвување на извештајот за ПВР како и за следните чекори кои треба да се преземат за подобрување на квалитетот на процесот и анализите.
Во првата фокус група учествуваа претставници од министерствата за финансии, внатрешни работи, здравство, како и информатичко општество и администрација, додек во втората фокус група претставници на министерствата за одбрана, труд и социјална политика и министерството за правда.
Дводневните средби на фокус групите ќе продолжат и утре, со учество на претставниците од министерствата за економија, животна средина и просторно планирање, за локална самоуправа и министерството за надворешни работи.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024