Креирање на нови јавни политики и нивно спрoведување преку анализа на податоци за однесувањето на засегнатите страни (Behavioral Insights Approach), пред сѐ на граѓаните како корисници, беше темата на тродневната обука (13-15.02.2019), која ја реализиравме во рамки на проектот „Носење промени - добро управување и ефективност во јавната администрација“, чиј главен корисник е Министерство за информатичко општество и администрација.
Овој иновативен пристап на креирање јавни политки, чија главна цел е подобрување на јавните услуги за граѓаните, беше презентиран од страна на проф. Пабло Брањас - Гарза и Диего Хорат од Loyala Behavioral Lab, Universidad Loyola Andalucía, Шпанија. Ваквата иновација за првпат во РМ беше претставена нa оваа обука, за подоцна да биде разработена и пилотирана на неколку заеднички избрани прашања/политики.
Проектот е поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британска амбасада - Скопје.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024