Во рамки на серијата обуки за јавната администрација, на 19 и 20 февруари 2024, Центарот за управување со промени (ЦУП) организираше обука на тема „Агилно управување на проекти“, на која претставниците од централните институции имаа можност да научат повеќе за управувањето со проектите, за тоа знаење да го пренесат во работата во институциите.
Крајната цел е подобра и поефикасна испорака на резултати за граѓаните и управување со процесите во рамки на централните институции.
Серијата на обуки за јавната администрација се организира во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ е финансиран од UK International Development од страна на Владата на Обединетото Кралство преку British Embassy Skopje и е спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Влада на Република Северна Македонија
Дата: 06.10.2024
Дата: 06.10.2024