Обука за претставници на централни институции - Практики на Обединетото Кралство за подобрување на испораката на резултати од страна на јавната администрација | ЦУП
Сподели

Обука за претставници на централни институции - Практики на Обединетото Кралство за подобрување на испораката на резултати од страна на јавната администрација

Дата: 05.03.2024

На 4 и 5 март 2024 година, во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“, Центарот за управување со промени (ЦУП), организираше предавање за претставниците на централните институции во врска со испораката на резултати од планираните јавни политики, со акцент на добрите практики од Обединетото Кралство.

Имавме чест овие предавања да ги одржува Стив Бејти, поранешен вработен во единицата за следење на испорака на резултати при Кабинетот на Премиерот на Обединето Кралство, кој сподели вредни и практични искуства и знаења од неговото долгогодишно работно искуство.

Учесниците на обуките ќе можат сите стекнати знаења да ги применат во работењето на институциите и со тоа да ја подобрат испораката на резултати за граѓаните!

Предавањата беа организирани во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ е финансиран од UK International Development од страна на Владата на Обединетото Кралство преку British Embassy Skopje и е спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Влада на Република Северна Македонија

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk