Обука за асистентите на пратениците во македонското Собрание | ЦУП
Сподели
Новост

Обука за асистентите на пратениците во македонското Собрание

Дата: 14.12.2025

Изминатите две седмици, (25-27.11.2025 и 09-12.12.2025), во рамки на Програмата за парламентарна поддршка, Центарот за управување со промени (ЦУП) организираше тридневна обука за асистентите на пратениците во канцелариите за контакт со граѓаните.

Првиот ден од обуката беше посветен на процесот на креирање јавни политики и улогата на асистентите во овој процес со цел доближување на граѓаните до нивните претставници, а сесијата ја одржа Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на ЦУП.

Вториот ден од обуката беше посветен на принципот на еднаквост и недискриминација, согласно постоечката правна рамка, а сесијата ја одржаа Флора Кадриу, член на КСЗД и Севги Идриз Муртаоглу, раководител на Одделение за спречување на дискриминација и промоција на принципот за еднаквост

Третиот ден од обуката беше посветен на вештачката интелигенција и како истата може да се користи во работата на канцелариите за контакт со граѓаните, а сесијата ја одржа Ивица Пешовски од Brainster.   

Оваа тридневна обука е дел од циклусот на обуки кои се организираат во рамки на Програмата за парламентарна поддршка, кои ќе придонесат кон зајакнување на нивните капацитети, а со крајна цел доближување на граѓаните до пратениците, претставничкото тело и процесите на донесување одлуки.

Програмата за парламентарна поддршка е проект спроведен од NDI North Macedonia, Центарот за управување со промени (ЦУП) и Институтот за демократија Societas Civilis (IDSC), а поддржан од Швајцарската амбасада преку Швајцарската агенција за развој.