На 30 и 31 јануари 2025 година во хотел Солун-Скопје, се одржа дводневен тренинг на тема „Лидерство во акција“, на кој учествуваа млади луѓе од Северна Македонија, Албанија, Италија и Косово.
Првиот ден од тренингот фокусот беше ставен на основните феноменолошки карактеристики на лидерството како што е поимното дефинирање, типови и видови на лидерство, карактерситики на лидерството, ососбено карактеристиките на лидеството во рамки на државата и политичкиот систем. Во вториот дел беа презентирани приницпите за добро управување и принципитите за јавна администрација на СИГМА-ОЕЦД, како клучни предуслови за лидерство кое испорачува резултаи и услуги за граѓаните. Третиот дел беше посветен на застапувањето во процесите на донесување на одлуки во рамки на институциите. Сесиите во првиот ден беа фасилитирани од страна на Искра Белчева Ристовска и Димитар Врглевски од Центарот за управување со промени од Скопје, како и Невила Соколи Џинди од Центарот за компаративни и меѓународни студии од Тирана.
Вторио ден од тренингот фоксуот беше ставен на лидерството на меѓународно ниво како и лидерството во време на конфликти. во првиот дел учесниците се запознаа со концептите на супранационално и транснационално управуавње, лидерствто во рамки на овие структури, како и нивното влиајние врз националните држави. Вториот дел беше фокусиран на лидерството во ситуации на конфликти и преку интерактивни вежби учесниците се запознаа со видовите на кофликти и методите за нивно разрешување во демократски системи. Сесиите во првиот ден беа фасилитирани од страна на Наталија Шикова од Меѓународниот Балкански Универзитет во Скопје и Марко Данаиловски од Центарот за управување со промени од Скопје.
Тренингот „Лидерство во акција“ е организиран во рамки на проектот „Y-O Model“ кој е поддржан од Европската Унија, а спроведен од следните четири граѓански организации: Mediteranean Center (Tirana, Albania), Center for Comparative and International Stduies-CCIS (Tirana, Albania), Center for Change Management-CCM (Skopje, North Macedonia) EU Relations-GEIE (Campobaso Italy), Institute for Developemnt Policy-INDEP (Prishtina, Kosovo).
Дата: 25.12.2024
Дата: 01.11.2024