Новости
Обука за комуникациски стратегии за градење на бренд
Дата: 23.01.2022
Од 22.01.2022 до 23.01.2022 во Охрид, ЦУП организираше обука за жените претприемачки учеснички на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ кој е подрржан од The Balkan trust for Democracy.
На дводневната обука на учесничките им беше претставено како ефективно да ги користат комуникациски канали со цел да ја зголемат видливоста на своите бизниси а со тоа и низната продажба. Стручен предавач од областа на односите со јавноста им ги претстави техниките за комуниказција со и преку традиционалните медиуми како што е телевизијата, радиото и печатените медиуми. Исто така, им беа презентирани алатките кои социјалните медиуми (Facebook, Instagram и LinkedIn) ги нудат на бизнисите подобро да допрат до нивната таргет група.
Најнови новости
Презентација на докуемнти за јавни политики
Дата: 16.03.2026
Завршен настан на проектот „Y-O Model“
Дата: 23.02.2026








