Обука на тема истражувачко новинарство | ЦУП
Сподели

Обука на тема истражувачко новинарство

Дата: 22.04.2016

Центарот за управување со промени, во рамките на проектот финансиран од Европската Унија, а во соработка со Институтот за човекови права, на Правниот факултет Јустинијан први на Универзитетот Св. Кирил и Методиј ќе одржи обука на тема Истражувачко новинарство 

Обуката ќе се одржи на 25 и 26 април 2016 г. (понеделник и вторник) со почеток во 10:00 часот, а нејзината цел е да се зголемат капацитетите на студентите по новинарство и младите новинари и да ги развијат своите вештини и знаења во врска со истражувачкото новинарство.

Ова е прва од трите планирани обуки кои се планира да се одржат и на другите државни универзитети. Обуката ќе се состои од бројни предавања од страна на искусни новинари кои се занимаваат со истражувачко новинарство и правни експерти кои ќе ја третираат областа на слободата на медиумите и слободата на изразувањето. Студентите од  сите академски години ќе бидат изложени на различни погледи и искуства, теоретско знаење, како и  практична примена на истражувачкото новинарство како моќно оружје за заштита на демократијата и човековите права.

Проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“ е проект финансиран од Европската Унија и се имплементира од страна на Центарот за управување со промени во соработка со Институтот за човекови права. Тој придонесува кон зајакнување на граѓанските организации кои делуваат во областа на слободата на изразување и медиумите и го подобрува нивното влијание врз процесот на креирање политики во однос на слободата на медиумите, ја подобрува соработката меѓу нив, како и го поддржува медиумскиот интегритет и ја зголемува професионалноста на новинарите и медиумски организации. Целта е насочена кон исполнување на стандардите и критериумите за членство во ЕУ, а релевантноста на проектот се обезбедува на мноштво начини. Тие опфаќаат воспоставување платформа на граѓански организации која активно ќе ги поттикне и промовира истражувачкото новинарство во областа на човековите права и правосудството (Глава 23 и 24) како и градење капацитети, развој на професионалните стандарди и етика со поддршка и соработка на медиумите: телевизија Телма, неделникот Фокус и веб порталот Novatv.mk, како соработници на проектот. 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk