Од 19 до 21 септември 2022, се одржа втора обука од серијата на обуки наменети за вработените во јавниот сектор од областа на недискриминацијата и принципот на еднаквост.
Учесниците на обуката доаѓаа од различни сектори (социјална заштита, образование, правда) што овозможи размена на знаења и искуства како и попрактично обработување на материјата на обуката.
Обучувачите беа експерти од Институтот за човекови права во Скопје и на присутните им ја доближија материјата од повеќе аспекти, со што ги спремија во нивната секојдневна работа да можам да ги идентификуваат и адресираат проблемите поврзани со дискриминаторското однесување.
Обуките се спроведени во рамки на програмата на Министерство за труд и социјална политика за зајакнување на капацитетите на службите и службеничкте од јавниот сектор од страна на ЦУП со финансиска поддршка од OSCE Mission to Skopje
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024