Презентирани две нови веб платформи за унапредување на отвореноста и дигиталната комуникација на законодавниот дом | ЦУП
Сподели

Презентирани две нови веб платформи за унапредување на отвореноста и дигиталната комуникација на законодавниот дом

Дата: 17.04.2025

Во рамки на проектот „Програма за парламентарна поддршка“, Центарот за управување со промени (ЦУП) заедно со претставници од Националниот демократски институт (НДИ) ги презентираа свете нови дигитални платформи за унапредување на отвореноста, комуникацијата со граѓаните и на дигиталните процеси на Собранието на Република Северна Макеоднија. 

Станува збор за платформите „Дигитален мост“ и Веб-платформа за канцелариите за контакт со граѓани на Собранието на Република Северна Македонија, кои се изработени во соработка со компаниите Симфоника и Брејнстер. 

Овие дигитални решенија се резултат на хакатонот со наслов „Дигитален“ мост кој беше организиран во рамки на проектот „Програма за парламентарна поддршка“, кој обедини голема група на млади дигитални ентузијасти да изработат идејни решенија за пдообрување на отчетноста на Собранието. 

На презентацијата беа присутни претседателот на Собранието Африм Гаши и генералната секретарка на собранието Марина Димовска, како и дел од службата која работи во областа на дигитализација и комуникација.

Зајакнувањето на транспарентноста и отчетноста на законодавниот орган е исклучително важна за одржување на демократскиот акарктер на државата во време на интензивна дигитална трансформација на општеството. Затоа, во рамки на преоктот „Програма за парламентарна поддршка“ ЦУП заедно со партнерите продолжуваат да го поддржуваат Собранието и службата.