Работна средба со државните секретари на Министерствата и генералниот секретар на Влада | ЦУП
Сподели

Работна средба со државните секретари на Министерствата и генералниот секретар на Влада

Дата: 10.05.2023

На 10.09.2023 година, Центарот за управување со промени (ЦУП) организираше работна средба со државните секретари на Министерствата и Генералниот секретар на Владата на Република Северна Македонија.

На средбата присутните беа запознаени со концептот на координација на јавните политики од страна на „Центар на Влада“ (еден коодинативен центар во рамките на извршната власт) и улогата на државните секретари во овие процеси.

Средбата беше фасилитирана од страна проектниот тим на ЦУП и Simon James експерт од кабинетот на Премиерот на Обединетото Кралство.

Концептот на управување од страна на „Центар на Влада“ беше претставен низ споредбен пристап и низ кои модалитети тоа го практикуваат различните држави, со посебен фокус на системот на Обединетото Кралство.

Беше истакната важната улога на државните секретари како мост помеѓу административното и политичко ниво во процесите на управување со јавните политики и нивниот однос и комуникација со министрите и замениците на министрите.

Присутните споделија искуства и практики од различните сектори во однос на процесите на стратешко и буџетско планирање, што беше одлична можност за взаемно учење.

Оваа средба е поттик за поинтензивна соработка во насока на воспоставување на еден координативен центар во рамки на извршната власт/Владата, како предуслов за секторски промени.

Средата беше организирана во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ спроведен од ЦУП во соработка со Владата на Република Северна Македонија а со поддршка на Владата на Обединетото Кралство преку Британската Амбасада во Скопје.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk