Работна средба во Министерството за дигитална трансформација на тема отворање на Службениот весник | ЦУП
Сподели
Новост

Работна средба во Министерството за дигитална трансформација на тема отворање на Службениот весник

Дата: 25.09.2026

Претставници на Центарот за управување со промени (ЦУП) на 25.09.2026 година, Извршната директорка Неда Малеска Сачмароска, програмската координаторка Искра Белчева Ристовска и проектниот асистент Марко Данаиловски, остварија конструктивна средба со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, на која се разговараше за неопходната потреба и најповолните модалитети за отворање на Службениот весник кон граѓаните, согласно анализите што ЦУП ги изработи изминатиот период.

На средбата беа презентирани двете анализи чија главна порака е дека државата има обврска да им обезбеди на граѓаните бесплатен пристап до Службениот. Станува збор за следните документи:

Тимот на ЦУП ги презентираше наодите од спроведената правна и финансиска анализа на состојбите, кои јасно укажуваат дека државата треба и може да обезбеди бесплатен пристап до Службениот весник со цел да ја зајакне правната сигурност на граѓаните, деловните субјекти и институциите. Според анализата, најповолно решение е укинување на редовното печатено издание и негово нудење по единечна нарачка. Тоа би ја покрило загубата од укинување на претплатата и би обезбедило позитивен финансиски резултат за претпријатието.

Министерот ја изрази својата заинтересираност во темата, и напомена дека го дели мислењето  на ЦУП. Тој исто така се согласи со предлогот за целосното дигитализирање на Службениот весник и прекинувањето на печатеното издание.  

Анализите се изработени во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформа на јавната администрација“, кој Центарот за управување со промени (ЦУП) го спроведува со поддршка од National Endowment for Democracy (NED).