Работна посета на Агенцијата за информатички системи на Естонија | ЦУП
Сподели

Работна посета на Агенцијата за информатички системи на Естонија

Дата: 20.03.2019

Естонија е држава во која 99% од јавните услуги се даваат електронски, 44% од граѓаните гласале електронски на последните избори и во која има најмногу стартап бизниси по жител во Европа.

Во тек е работна посета на Агенцијата за информатички системи на Естонија и други релевантни институции со цел да научиме од естонските искуства во воспоставувањето на електронските системи во јавниот сектор, дигитализација на услугите и предизвиците во обезбедување на сајбер безбедност.

Посетата се одвива во рамките на проектот „Носење промени: добро управување и ефективност во јавната администрација“, поддржан од Британската амбасада во Скопје, имплементиран од Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Министерство за информатичко општество и администрација.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk