Работилница - Унапредување на собраниските етички стандарди и интегритет | ЦУП
Сподели

Работилница - Унапредување на собраниските етички стандарди и интегритет

Дата: 13.05.2025

На 12 и 13 мај во Велес, се одржа работилницата „Унапредување на собраниските етички стандарди и интегритет – Развој на Етичкиот кодекс на Собранието, на која учествуваа извршната директорка ан ЦУП Неда Малеска Сачмароска и проектната координаторка во ЦУП Бранка Минчева Коцевска.

Работилницата беше организирана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во соработка со ОДИХР и Програмата за парламентарна поддршка.

На работилницата учествуваа пратеници и собраниски службеници, членови на работната група за унапредување на Етичкиот кодекс, кои активно придонесоа во процесот на разгледување и ревизија на нацрт-верзијата на документот.

Преку интерактивна работа во групи, беа предложени измени и дополнувања на текстот, насочени кон јасно дефинирање на етичките принципи, воспоставување на механизми за почитување на Кодексот, како и јакнење на транспарентноста и одговорноста на народните избраници.

На крајот на работилницата беа утврдени следните чекори кон финализирање и усвојување на Етичкиот кодекс, вклучително и спроведување дополнителни консултации, финална ревизија и иницирање на постапка за негово официјално усвојување во Собранието.

Оваа активност е дел од пошироките заложби за изградба на интегритетна, отчетна и етички ориентирана парламентарна институција.