Работилница за партиципативно буџетирање на локално ниво се одржа вчера во организација на Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Општина Ѓорче Петров, во рамки на проектот “Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините во Македонија” спроведуван од мрежата ФИСКАСТ. На работилницата активно учество земаа градоначалникот Александар Наумоски, општинската администрација, социјални центри, претставници на училишта и на граѓанскиот сектор. Севкупната цел на проектот е да се подобри праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и да се зголеми ефикасноста на трошењето на општински пари. На работилницата беа дискутирани буџетските процеси, граѓанското учество во креирањето политики на локално ниво, обврските и правата на општината и на граѓаните, партиципативното буџетирање и процесите на мониторинг и евалуација. #fiscastnetwork
Проектот е финансиран од УСАИД.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024