Работилница на тема Анализа на политики темелена на докази | ЦУП
Сподели

Работилница на тема Анализа на политики темелена на докази

Дата: 24.12.2015

Основната цел на оваа работилницата беше да се издвојат двеполитики од актуелните општествени прашања или определени закони кои произлегуваат од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ (НПАА) и кои ќе бидат предмет на засилено следење од страна на граѓанските организации (ГО). Во соработка со ГО  вклучени во програмата, ќе се разгледуваат квалитетот на регулативите и соодветноста на предложените решенија од страна на Владата, преку оценка на избраните политики, а користејќи ги методите и алатките за ефикасна оценка на влијанието на политиките (ПВР) кои е потребно да бидат засновани на докази.

Работилницата всушност претставуваше практична примена на стекнатото знаење на учесниците од претходната обука за вклучување на ГО во фазите од процесот на креирање на политики и тоа: креирање визија за промени и решенија, анализа на политиките темелена на докази, дефинирање сценарија за политики, критериуми во донесувањето одлуки, справување со ризиците и методи и техники за оценка на политиките. Темите за избор на политики кои произлегоа од обуката како резултат на заедничката работа помеѓу учесниците од различните ГО се одраз на состојбите, економските и политичките случувања во земјата. Најактуелни прашања за граѓанскиот сектор се проблемите со загадувањето и образовните политики особено ефектите и влијанието на екстерното тестирање и Европскиот кредит трансфер систем во подобрување на квалитетот на образованието; трошоците наспрема придобивките од активните мерки за вработување и инвестиции во слободните економски зони; политиката на трето дете наспрема демографските движења и одлив на млади од земјата; транспарентноста и отчетноста на јавната администрација и пристапот до е-услуги; државно финансирање на ГО итн. 

Транспарентноста и отчетноста на јавната администрација и пристапот до е-услуги на централно и локално ниво е една од предложените политики која ќе биде предмет на поопсежна анализа. На работилницата се разви визија за политиката и се воспоставија цели и стандарди за тоа каков треба да изгледа јавниот сектор во однос на понудата на информации и услуги за граѓаните. На работилницата се дефинираа и основите и методолошката рамка за следење на политиката во однос на принципите на OECD/ SIGMA (Support for Improvement in Governance and Management). 

Работилницата ја водеа Неда Малеска Сачмароска и Наталија Шикова од ЦУП.

 

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk