Овој проект стреми да ја подобри координацијата и спроведувањето на владините политики, како и зајакнување на одговорноста од страна на институциите и да обезбеди севкупно поефективно функционирање на Владата. Ова може да се постигне преку воспоставени цврсти механизми за развој на политики засновани на докази, дефинирање на клучните индикатори за изведба (KPI) кои ќе се следат под координација на „Центар на Влада“, подобрени протоколи за внатрешна комуникација во рамките на назначената административна мрежа и ефективен систем на делегирање и одговорности. Еднакво важно е дека подоброто разбирање и свесност на граѓаните, медиумите и граѓанските организации за принципите на добро владеење ќе го зголеми притисокот врз владата да испорача поефективни политики со подобри резултати за граѓаните.
Конечно, подобреното владеење ќе ја зголеми отчетноста и транспарентноста на институциите и политичарите кон граѓаните на долг рок, со што ќе се ограничат можностите за корупција, политичко влијание и клиентелизам.
Затоа, општата цел на проектот е да создаде ефективни стандарди за управување и да го олесни процесот на синхронизирано планирање и спроведување на политиките засновани на докази.
Период 15.12.2022 - 31.03.2025
Донатор: Британска Амбасада во Скопје
Краен корисник на проектот: Влада на Република Северна Макеоднија
Главна цел:
Редизајнирање систем на управување за подобрена координација и следење на работата на Владата
Подигнување на свеста за важноста на стандардите за добро владеење кај креаторите на политиките, граѓанските организации, медиумите и граѓаните
Зајакнување на капацитети на избрани членови на јавната администрација за следење на работата на Владата и испорака на резултати
Очекувани резултати:
Предлог модел за редизајниран систем на управување за да се обезбедат подобри резултати од политиката за сите граѓани
Дефинирани национални стандарди и алатки за добро управување
Развиена институционална поставеност и електронски систем за управување
Стратешка комуникација за едуцирање на креаторите на политики, граѓанските организации и граѓаните за значењето на стандардите за добро управување со јавните политики
Градење на капацитетите на јавната администрација во спроведувањето на стандардот за добро управување
Во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“, Центарот за управување со промени (ЦУП) организира серија на обуки за јавната администрација. Оваа серија на обуки започна со онлајн работилницата насловена „Лидерство насочено кон промени“, предводена од Стивен Бејти, поранешен вработен во Единицата за следење на испораката на резултати при Канцеларијата на Премиерот на Велика Британија. На онлајн работилницата беа присутни претставници од сите централни институции во државата.
How things got done - во превод „како се завршуваа работите“ е сиже во една реченица од работата на Единицата за следење на испораката на резултати во кабинетот на Премиерот во Велика Британија (Prime Minister’s Delivery Unit).
Проектот „Преосмислување на управувањето“ е финансиран од UK International Development од страна на Владата на Обединетото Кралство преку Британската Амбасада во Скопје и е спроведен од Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Владата на Република Северна Македонија.