Истражувања
Анализа на Законот за административните службеници
година: 2018
Целта на Законот за административни службеници е да се воспостави целосен и синхронизиран систем за администрација базиран на знаење односно воведување на целосно нов модерен пристап кон управувањето со човечките ресурси, со елементи на корпоративно управување, согласно со најдобрите светски практики за управување базирано на компетенции преку уредување на статусот, класификација, вработувањето, унапредувањето, стручното усовршување, мерењето на учинокот и други прашања во врска со работниот однос на административните службеници.






