Граѓаните и новинарите за професионалноста во медиумите | ЦУП
Сподели

Граѓаните и новинарите за професионалноста во медиумите

Автор:

година: 2017

Оваа публикација е дел од проектот „Истражувачко новинарство – чувар на демократијата и човековите права“  финансиран од Европската Унија и кофинансиран од Британската амбасада во Скопје, a имплементиран од Центарот за управување со промени и Институтот за човекови права. 

Оваа публикација има за цел да даде придонес кон остварување на целта на проектот и тоа во правец на: (1) подобрување на условите за квалитетно и новинарство на кое може да му се верува, а особено создавање услови за истражувачко новинарство и (2) создавање поволна општествена клима и соодветна правна регулатива базирана на директивите и препораките на ЕУ за остварување на слободата на изразување и на медиумите во земјата.

Целта на анализата беше осознавање на гледиштето, односно перцепцијата на јавноста (граѓаните), но и на самите новинари, за состојбите во медиумската сфера и посебно на перспективите за развој на истражувачкото новинарство во нашата земја. За да се добијат релевантните показатели за ваквите состојби беа спроведени две посебни телефонски анкети. Анализата ги открива клучните фактори кои имаат влијание врз актуелната состојба на медиумската сцена, но и јасно ги исцртаа неопходните чекори што треба да ги преземат засегнатите субјекти, како што се: новинарските здруженија, академската заедница, граѓанскиот сектор, државните институции и, секако, медиумите и новинарите, за да ја унапредат состојбата во која се наоѓаат самите, како и да создадат реални услови за подинамичен развој на истражувачкото новинарство како чувар на демократијата и човековите права. 

Оваа публикација детално го анализира правото на слобода на изразување и тоа преку: 1. разгледување на поставеноста на ова право во националната и меѓународната правна рамка, 2. прикажување на судската практика на националните судови, на Европскиот суд за човекови права и на Европскиот суд на правдата во врска со оваа материја и 3. унапредување на правната рамка со заклучоци и препораки.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk