Градење на јавен сектор базиран на знаење | ЦУП
Сподели

Градење на јавен сектор базиран на знаење

Автор:

година: 2020

Предмет на ова истражување е анализа на воспоставените практики на домашно и меѓународно ниво во градењето на институционалната меморија и споделување на знаењето.

Целта на ова истражување е да се процени како се гради и чува институционалната меморија во јавниот сектор и да се утврди дали знаењето се третира како ресурс кој треба да се споделува, со цел да се изгради јавен сектор базиран на знаење.

Истражувањето коинцидираше со пандемијата од Ковид-19 која го стави јавниот сектор пред голем тест на способноста да функционира во вакви услови кога треба се да биде дигитализирано и достапно на далечина, а институционалните функции да течат непречено. За жал, јавниот сектор потфрли на овој тест. Службениците не се во можност да работат од дома, а неопходните информации најчесто се зачувани само локално на нивните компјутери и не постои можност за друг начин на функционирање освен физичко присуство во просториите на институцијата. 

Оттука, целта на ова истражување е воедно да поттикне важност и разбирање за темата, да ја покрене свесноста за преземање на неопходните мерки за соодветно дигитализирање на институциите и нивните процеси како основна алатка во современото градење на институционалната меморија и споделување на знаењето, а се отвори дебата и да се утврдат приоритетите, да се покаже лидерство и стратешка ориентација кон справување со проблемот во услови на криза.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk