Системите на плати во јавниот сектор во Австрија, Словенија и Шведска | ЦУП
Сподели

Системите на плати во јавниот сектор во Австрија, Словенија и Шведска

Автор:

година: 2020

Оваа споредбена анализа претставува приказ на системите на платите во јавниот сектор во Австрија, Словенија и Шведска. Целта е преку искуствата на избрани земји од ЕУ да се придонесе во дискусијата за реформа на системот на плати во јавниот сектор во Република Северна Македонија. Анализата е изработена во рамки на проектот “ Носење промени-добро управување и ефективност во јавната администрација“ финансиран од Британската амбасада во Скопје. Проектот обезбедува поддршка на Министерството за информатичко општество и администрација(МИОА), во процесот на реформа на јавна администрација.

Предмет на анализата се платите во јавниот сектор. Детално се разгледани платите на јавната администрација како суштински дел од јавниот сектор, а направен е осврт и кон т.н јавен сектор и во поширока смисла кој ги опфаќа јавните претпријатија, претпријатијата каде државата има мнозински или малцински удел, јавните институции што не се дел од јавната администрација и компаниите што вршат услуги на принципот јавно-приватно партнерство.

Резултатите од споредбената анализа покажуваат дека анализираните земји од ЕУ практикуваат различен различни пристапи при регулирање на платите во јавната администрација/ јавниот сектор. Австрија има традиционален, многу скап и до најситни детали регулиран систем на плати кој постепено го менува. Шведска практикува широко либерализиран систем кој соодветствува на развиено и високо продуктивно општество. Словенија е помеѓу овие два системи, со јасно поставена регулатива, но со флексибилност при имплементација на додатоците на платите во јавниот сектор.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk