Процена на потребите на обука кај домашните МСП | ЦУП
Сподели

Процена на потребите на обука кај домашните МСП

Автор: Роман Пападимитров и Јасна Пајковска

година: 2019

Во првата фаза на реализирањето на активностите на проектот беше спроведено истражување од страна на Finance Think – Институтот за економски истражувања и политики, за идентификување на бариерите во размената на стоки и услуги меѓу домашните и мултинационалните компании и за утврдување нови можности во синџирот на снабдување и додадена вредност. Според резултатите на истражувањето, се утврдија следните јазови на соработката меѓу домашните МСП и МНК и недостатоците воочени кај домашните МСП од страна на МНК присутни во Р Македонија: • Недоволен технолошки развој и подготвеност да се одговори на побарувањата; • Недостаток од стандарди и сертификација на производството; • Ограничени производствени капацитети; • Недоволна одговорност при исполнување на договорените обврски; • Несоодветна организациска структура и култура; • Недоволна понуда на производи; • Непостојан квалитет на понудените производи и услуги; • Неквалификувана работна сила; • Високи цени на производите/услугите; • Недостаток на вештини за презентација на производите и на компаниите; • Недостиг на меки вештини. Во втората фаза од проектот, Центарот за управување со промени пристапи кон спроведување на истражување на процените за потребите од обуки кај малите и средни претпријатија со цел тие да ги пресретнат барањата на МНК на територијата на РМ. 7 Процената на потребите од обука кај домашните компании е дел од целокупната анализа на состојбата на вмрежување и поврзување на домашните МСП и МНК во Македонија. Процената на потребите за обука помага да се идентификуваат разликите помеѓу знаењето што го поседуваат домашните МСП и знаењето што е предуслов за да се оствари соработката со МНК во Македонија. Обуката и развојот се клучен дел за секоја компанија да ги исполни своите пошироки цели и задачи. Тие придонесуваат за зголемувањето на компетентноста и конкурентноста на компаниите што е особено значајно во процесот на остварување соработка со странските компании. Постојаниот технолошки развој значи потреба од постојано вложување во обуката и развојот на вработените. Со соодветна обука и развој, продуктивноста се зголемува повеќекратно. Постојат неколку аспекти при идентификување на потребите за обука на членовите на организациите. Прво, треба да се идентификува кои вештини се потребни за ефикасно да се завршат работните операции или процесот. Второ, да се проценат постојните нивоа на вештини на членовите на тимот и, на крај, да се одреди јазот. Јазот се дефинира како разлика меѓу вештините што се потребни за да се заврши работата и постојните вештини на секој поединечен член на тимот. Дефинирањето на конкретните потреби за обука на домашните мали и средни компании се заснова на претходно споменатото детално истражување за разликите меѓу постојната состојба на МСП и посакуваната ситуација.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk