Упатството за подобрување на транспарентноста на институциите од јавниот сектор, опфаќа анализа на институции од 38 сектори и што граѓаните најчесто бараат од овие институции. Дополнително, докуемнтото содржи и анализа на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и како истиот ги уредува правата и обврските на странките во постапката за посредување со информации од јавен карактер.
Упатството е изработено од страна на Центарот за управување со промени во соработка со Заменикот на Претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење и Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер, во рамки на проектот „Поттикнување на добро управување и реформи во јавната администрација“ поддржан од National Endowment for Democracy (NED).