Извештај од следење на вработувањата и начинот на распределба и реализација на буџетите од институциите на јавниот сектор | ЦУП
Сподели

Извештај од следење на вработувањата и начинот на распределба и реализација на буџетите од институциите на јавниот сектор

Автор:

година: 2023

Во овој извештај од следење се прикажани состојбите во однос на вработувањата и распределбата и реализацијата на буџетите во институциите од јавниот сектор кои имаат сложени облици на раководење. Со извештајот се опфатени процедурите за вработување, бројот на вработени лица, како и распределбата и реализацијата на буџетот во делот на плати, капитални расходи и стоки и услуги. Во извештајот се дава приказ на моменталната состојба со бројот на вработени лица по години и по вид на вработување (неопределено, определено време, авторски договори и сл.), како и процентуалната распределба и реализацијата на буџетот кој се однесува на плати на вработените во однос на останатите трошоци кои што се поврзани со реализација на услугите кон корисниците (граѓаните и компаниите) и тоа: регулаторните тела, јавните здравствени установи, јавните установи од областа на културата, јавните установи од областа на образованието, јавните установи за социјална заштита, органите на управата, управните организации и останатите јавни установи, јавните претпријатија и трговските друштва. 

Извештајот за следење е подготвен во рамките на проектот „Поттикнување на доброто управување и реформите во јавната администрација“ финансиран од фондот National Endowment for Democracy (NED).

Преземи Погледни

Слични публикации

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk