Акти кои ја уредуваат материјатата за проценка на влијанието на регулативата | ЦУП
Сподели

Акти кои ја уредуваат материјатата за проценка на влијанието на регулативата

година: 2013

Методологијата на проценка на влијанието на регулативата (во натамошниот текст: ПВР) е целосно усогласена со постојниот систем за стратешко планирање во министерствата и постапките за координација на политиките и донесување на одлуките во Владата на Република Македонија и претставува надградба на постојните практики воведени во 2009 година, кои воедно се усогласени со позитивните искуства од праксата во Европската унија и нејзините земји - членки, како и земјите - членки на ОЕЦД. ПВР се користи како алатка за утврдување на влијанијата кои ќе бидат предизвикани со спроведување на транспонираниот правен акт. Со отпочнување на процесот на преговорите за пристапување на Република Македонија во Европската Унија, процесот на ПВР ќе добие уште поголемо значење бидејќи преку него на структуриран начин можат да се утврдат краткорочните и долгорочните влијанија на правните акти на Европската Унија врз националниот правен систем и врз прифаќањето на обврските кои произлегуваат од нив. На тој начин ќе можат да се градат националните позиции во процесот на преговори и да се утврдат и намалат евентуалните негативни влијанија за Република Македонија

Преземи Погледни

Слични публикации

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk