Стратегија за отворени податоци 2018-2020 | ЦУП
Сподели

Стратегија за отворени податоци 2018-2020

година: 2018

Стратегијата за отворени податоци дефинира стратешки цели со кои ќе се поттикне објавувањето и користењето на отворените податоци, со цел да се придонесе кон зголемување на транспарентноста и отчетноста на државните институции, да се подобри квалитетот на услугите кои тие ги нудат и во исто време да се поттикнат иновациите. Со тоа, ќе се придонесе кон економски развој и развојот на општеството во целина. Стратегијата за отворени податоци има за цел да создаде динамичен екосистем на отворени податоци во кој податоците се произведуваат, отвoраат, збогатуваат и повторно се користат од различни чинители од јавниот, приватниот, академскиот и граѓанскиот сектор. Тоа ќе доведе до подобрување на испораката на услуги и ефикасноста на јавниот сектор, зголемување на учеството на граѓаните, како и поддржување на напорите за борба против корупцијата и придонес во создавањето на иновативна клима со нови економски можности за бизнис секторот.

Преземи Погледни

Слични публикации

ул. Рајко Жинзифов бр.44-1,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
Факс: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk