На Самитот за женско претприемништво 2021 беше доделена награда на Центарот за управување со промени како граѓанска организација со воведени најдобри практики за развој на женското претприемништво. Наградата беше доделена од страна на Националната платформа за женско претприемништво.
ЦУП во изминатите години работеше интензивно на темата „женско претприемништво“ преку проекти чија главна цел е зајакнување на улогата на жената во бизнис секторот. Спроведените проекти овозможија унапредување на деловните процеси на жените претприемачки, зголемена економска активност на жените и обезбедување на поддршка во надминување на главните предизвици со кои се соочуваат тие во процесот на започнување на нов бизнис или развој на веќе постоечките бизниси. Преку спроведените проекти помогнавме во развој на над 200 женски бизниси! Исто така, преку проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ им помагаме на жените претприемачки во справувањето со предизвиците кои ги донесе со себе Ковид-19 кризата.
ЦУП продолжува да се бори за женските права и женското претприемништво преку своите проекти и активности!
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024