Основна обука за род, родова еднаквост и воведување на родова перспектива во јавните политики | ЦУП
Сподели

Основна обука за род, родова еднаквост и воведување на родова перспектива во јавните политики

Дата: 31.05.2022

Од 30 до 31 мај 2022 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, ЦУП ја спроведе основната обука за род, родова еднаквост и воведување на родова перспектива во јавните политики, предводена од Искра Белчева Ристовска и Бранка Минчева Коцевска. 

На обуката учесниците се запознаа со основните поими во областа, алатките за вклучување на родовата перспектива во јавните политики, типовите на родови политики како и виклусите на креирање на политики т.е. влезни точки за вклучување на родовата перспектива во циклусот на планирање на јавните политики. 
Исто така, учеснците практично се запознаа со темата на обуката преку интерактивни вежби за родова сттаистика и родови индикатори како и стартегии за застапување за родова еднаквост.

Ресурсниот центар работи како дел од Министерство за труд и социјална политика поддржан од UN Women Skopje во рамки на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“.

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk