Од 30 до 31 мај 2022 година, во Ресурсниот центар за родово одговорно креирање политики и буџетирање, ЦУП ја спроведе основната обука за род, родова еднаквост и воведување на родова перспектива во јавните политики, предводена од Искра Белчева Ристовска и Бранка Минчева Коцевска.
На обуката учесниците се запознаа со основните поими во областа, алатките за вклучување на родовата перспектива во јавните политики, типовите на родови политики како и виклусите на креирање на политики т.е. влезни точки за вклучување на родовата перспектива во циклусот на планирање на јавните политики.
Исто така, учеснците практично се запознаа со темата на обуката преку интерактивни вежби за родова сттаистика и родови индикатори како и стартегии за застапување за родова еднаквост.
Ресурсниот центар работи како дел од Министерство за труд и социјална политика поддржан од UN Women Skopje во рамки на проектот „Промовирање на родово одговорни политики и буџети: кон транспарентно, инклузивно и отчетно управување во Република Северна Македонија“.
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024