Центарот за управување со промени учествуваше на работилницата “Работа со податоци за почетници”, која на 9-ти и 10-ти Октомври се одржа во главниот град на Полска, Варшава.
Работилницата беше дел од проектот организиран од мрежата на непрофитни, ИТ, и медиумски организации, TransparenCEE и непрофитната организација Techsoup Europe.
Нивната работа е фокусирана на создавање простор и платформа за размена на идеи и практични решенија преку државните граници и различните сектори.
Оваа цел се постигнува преку партнерство со организациите од граѓанскиот сектор, локалната администрација и централната власт, како и донаторските организации.
На дводневната работилница се анализираше значењето на квантитативните податоци ( не само бројки) за работата на јавните функционери, парламентите, локалните и националните буџети, јавните набавки и сите останати кои се користат за зголемување на транспарентноста на јавната сфера и ја прават порезистентна на корупција и други видови злоупотреби.
На тренингот учествуваа активисти од граѓанскиот сектор од повеќе држави од Централна и Источна Европа и Западниот Балкан
Дата: 01.11.2024
Дата: 06.10.2024