Новости
Комплетиран процесот на имплементација на CAF моделот за управување со квалитет во Собранието на Република Северна Македонија
Дата: 06.03.2020
Го комплетираме процесот на имплементација на CAF моделот за управување со квалитет во Собранието на Република Северна Македонија. На 5-ти и 6-ти март 2020 година, организиравме работилница за приоритизација на предложените мерки за подобрување со претставници од сите организациони единици на Собранието. Целта на овој процес е да се подобри организацијата и работата на Собранието преку вклучување на вработените во идентификување на области за подобрување и мерки кои ќе се реализираат во период од 2 години.
Имплементацијата на CAF моделот се одвива во рамките на Програмата за парламентарна поддршка која се реализира од страна на Националниот демократски институт, Центарот за управување со промени и Институтот за демократија Социетас Цивилис. CAF (Заедничка рамка за проценка) претставува европски модел за управување со квалитет во институциите од јавниот сектор.
Најнови новости
Презентација на докуемнти за јавни политики
Дата: 16.03.2026
Завршен настан на проектот „Y-O Model“
Дата: 23.02.2026












