Учество на меѓународен форум за традиционални занаети | ЦУП
Сподели

Учество на меѓународен форум за традиционални занаети

Дата: 22.01.2023

Од 18 до 19 јануари 2023, ЦУП беше дел од Меѓународниот форум за традиционални занаети во Шарџа (SITCF), организиран од Sharjah Institute of Heritage, под слоганот „Килим и текстил“ со учество од 18 земји. Форумот беше организиран во Sharjah Research Technology and Innovation Park и имаше за цел да направи кохезија на традиционалното и модерното. Овој форум беше посетен од бројни ученици и студенти кои можеа директно да се запознаат со културите и традициите на секоја од 18те земји учеснички. На овој начин се побуди креативноста кај младите да размислуваат како да го искористат и истовремено да го зачуваат културното наследство при креирањето на иновации. Институтот го потенцираше значењето на технолошкиот развој на земјата, но воедно беше изразена желбата тој да произлегува од традициите културата на земјите.

 

ЦУП, со поддршка од Кабинетот на претседателот на РСМ и амбасадата на РСМ во ОАЕ , ги претстави традиционалните текстилни изработки од Беровскиот крај и ги промовираше жените занаетчии кои се уште ја одржуваат во живот македонската традиција

ул.Митрополит Теодосиј Гологанов бр.34а,
1000 Скопје, Северна Македонија

Тел: +389 2 6092 216
e-mail: info@cup.org.mk