Jавна дискусија за предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите | ЦУП
Сподели
Настан

Jавна дискусија за предлог-законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите

Дата: 21.01.2026

На 21.01.2026 година беше организирана јавна дискусија во врска со предлог Законот за високите раководители на органите на државната управа и фондовите со претставници на централните институции и граѓанскиот сектор.

Јавната дискусија започна со поздравни обраќања од страна на Министерот за јавна администрација Горан Минчев, генералниот секретар на Владата Горан Јанушев и Извршната директорка на ЦУП Неда Малеска Сачмароска.

Раководителката на секторот за реформа на јавна администрација при Министерството за јавна администрација Есма Адиловиќ Фазлиќ, го презентираше концептот на законот и идејата позади законските решенија да се гарантира професионалноста и зајакне отчетноста и одговорноста на носителите на високи раководни позиции. Меѓу другото, како клучни новини во законот беа истакнати следните:

  • Построго уредување на институт вршител на должност (в.д.).
  • Воспоставување на јасни критериуми, кои ќе обезбедат професионалност и стручност.
  • Воспоставување на конкурентна постапка за избор.
  • Ограничување на дискрецијата при изборот преку задолжително детално образложение на одлуката за избор, што воедно ја зајакнува правната сигурност и ефективноста на правниот лек на незадоволните неизбрани кандидати.

Предлог законот е достапен на следниот линк: https://ener.gov.mk/Default.aspx?

Потоа, на панел дискусија експерти од областа имаа можност да споделат свои ставови и мислења во врска со предлог-законот, а со цел негово подобрување. Панел дискусијата беше модерирана од страна на Искра Белчева Ристовска, програмска координаторка на ЦУП, а панелисти беа:

  • Димитар Димовски, секретар за јавни политики, координација и следење на програмата на Владата и на други стратешки планови, проекти и инвестиции поврзани со приоритетите на претседателот на Владата.
  • Борче Давитковски, универзитетски професор по администартивно право.
  • Катерина Марковиќ Јанковска, директорка на Државен управен инспекторат.  
  • Неда Малеска Сачмароска, извршна директорка на ЦУП.

Свое обраќање имаа и претставници на SIGMА-OECD, кои дадоа свои видувања на предлог-законот и каде може истиот да биде подобрен.

Присутните имаа можност да електронски да достават прашања или пак директно на настанот, а потоа членови на работната група за изработка на Законот ги одговараа овие прашања.

Настанот беше организиран во рамки на проектот „Преосмислување на управувањето“ кој е имплементиран од Центарот за управување со промени (ЦУП) во соработка со Владата на Република Северна Македонија и Министерството за јавна администрација, а со поддршка од Владата на Обединетото Кралство.